И покрај значителното зголемување на бројот на нови случаи со варијантите Омикрон и Флурон кои се комбинација на сезонски грип со корона вирусот, експертите велат дека неговото ширење не треба да предизвика загриженост кај населението. Тоа што оваа варијанта не дава сериозни здравствени компликации, според експертите е причина поради која овој бран да не се чека со паника. Епидемиолог Драган Даниловски вели дека Македонија треба да го следи шведскиот модел, а не целосно да се затвора како што направија многу европски земји.

-Старите лица и оние што се преку 70 години и хронично болните да се засолнат, да се изолираат, месец два да немаат контакт со помладите членови од семејството. Сите други би требало да се испозаразат што побрзо. Да не му се даде време на вирусот со неговата брза циркуација да мутира понатаму. Да нема веќе изолации за оние кои се асимптоматски позитивни. Тие нека си одат на работат. Да нема тестирање на здрави. Ниту на лесно симптоматски. Да се тестираат само оние кои ќе добијат такви симптоми да треба да легнат во болница – вели тој.

Професорот Даниловски со оптимизам предвидува дека варијантата Омикрон е кулминација на пандемијата.

Мислам дека за месец дена, нека биде и месец и некоја недела практично ќе дојде до врв на овој бран на омикрон и после го чека неизбежно паѓање на бројките и конечно мислам дека ќе видиме крај на корона приказната во Македонија некаде во март. Еве нека биде и мај. Но во секој случај ќе имаме пријатна пролет и мирно лето – вели Даниловски.

Досега во земјава околу 50 лица се заразени со Омикрон и грип – комбинација од сезонски грип и корона. Во наредниот период во Македонија се очекува доминантна варијанта Омикрон.