Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од утре заминува на одмор во Хрватска. Тој на денешната прес-конференција, запрашан од новинарите зошто не е на одмор, како што беше објавено, рече дека не му е јасно од кои причини некои медуми го изедначиле неговиот одмор со одморот на премиерот Зоран Заев.

„Утре заминувам со моето семејство во Хрватска. Тоа е местото каде што јас сум поминувал голем дел од одморите како дете. Таму не носеле моите родители мене и мојата помлада сестра. Тие спомени останале и јас сакам сега со сопругата и двата сина дел од мојот годиштен одмор да го поминам токму во Хрватска “, рече Мицкоски.