Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање истакна дека народот испратил јасна порака дека народот сака европска Македонија но дека е против договорот Заев-Ципрас. Тој побара народот да остане сплотен и дека ова е порака до власта за сите тендери, Анѓушев и Вицето..

Тој беше дециден дека досега никој не победил народ.

ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе ве победиме. Ова не е само пораз за Договорот со Грција, туку и за криминалот на власта. Власта го изгуби легитимитетот и треба да ја почитува волјата на народот. Тоа што не успеа овој референдум е директна вина на Зоран Заев, затоа што склучи лош Договор.

 

Според Мицкоски бројот на онии кои не гласаа е далеку поголем од тие што излегоа на гласање.

Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка, односно бројот на граѓаните кои апстинираа е драстично поголем од оние кои гласаа за Договорот. Договорот со Грција доби стоп од народот, а не зелено светло. Народот покажа исклучителна демократска и патриотска свест. Граѓаните кои одбраа со апстиненција да кажат што мислат ја испратија најгласната порака „Ова е Македонија“