Изминатите неколку дена поминав речиси  1000 километри низ нашата татковина. Разговори, средби со народот и можам да го кажам следното: Ништо од тоа што ќе направи не може да биде чесно, ако на една власт и недостига правда. Чекањето на ветениот живот, заврши со неветена неправда која е секојдневие, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Неправдата сторена било каде и било кому е закана за правдата насекаде. Каква и неправда да се случи некому, тоа влијае на сите нас заедно. Правдата без слободата и моќта на народот е безмоќна, а моќта без правдата е тиранска. Волтер велеше успехот е секогаш дете на храброста. Доаѓаат нови ветришта, а народот повеќе нема да дозволи да биде излажан. На власта би и порачал да се воздржи од плукање против ветрот, бидејќи се во животот се менува, но и се враќа. Секоја неправда, секоја солза на старата мајка за своето чедо, остава трага. Секоја година затвор од оние 211 години робија, ќе тежи на нечистата совест на оваа неправедна власт. Секоја нова воздишка на младиот човек со надеж дека може да биде подобро е истата како и секоја друга во изминатите 28 години, но и тој исто како и сите ние знаеме дека ние самите сме носители на нашата судбина и ќе биде подобро само доколку се избориме за тоа. А тоа зависи од секој еден од нас. Да си бидеме искрени едни со други и да си признаеме дека нема човек кој веќе верува дека  оваа власт може да биде подобро или дека може за било што да си го одржат ветувањето. Тогаш нема што да се чека, истакна Мицкоски.