Во однос на раговорите за парламентарните избори, Мицкоски рече дека тие ги соопштиле датумите за кои сметаат дека се најдобри за избори и дека се подготвени за компромис.

-Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа, рече лидерот на опозицијата Мицкоски.

Не ги потврди информациите дека разговори има со посредство на претставници на меѓународната заедница.

-Јас немам такви информации дека има какви било мешања на претставници на меѓународната заедница во Македонија, така што претпоставувам дека и ова е еден дел од оној фоклор на шпекулации и дезинформации кои се присутни во јавноста, рече Мицкоски.