Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, рече дека нема да прифати ни милиметар отстапки на штета на националниот идентитет со преговорите со Бугарија, и побара Европа да го исполни ветеното на народот, а тоа е почеток на преговорите со ЕУ.
-Нас ни треба датум за отпочнување на преговори и таа дата до сега требаше да се случи. И ќе го повторам тоа што сум го кажал во многу наврати дека на овој народ, мал народот, во срцето на Балканот му беше ветено откако беше понижен со таа референца за името, со промена во Уставот, а промени во знамето, па добиен судски процес во Хаг, па знаете силата на посилниот важи, не важи меѓународното право, ајде и тоа го проголтавме. На крај остана онаа насилна промена на Уставот и тогаш му беше кажано ова е последното од овој момент овој мал народ во срцето на Балканот ќе биде дел од НАТО, бидејќи сака да биде, еве учествуваше во многу мисии иако не беше членка на НАТО, но храбро беше рамо до рамо со вооружените сили на НАТО Алијансата и ќе биде дело од НАТО и ќе ги започне преговорите со ЕУ. Ни ветија и барам да си го исполнат тоа“, вели Мицкоски.
-Мене не ме интересира друго, тие што нас ни ветија дека ова е последно, треба тоа да го испорачаат. И на крајот на денот официјалниот став на Американскиот Стејт Департмент е дека билатералните работи треба да бидат надвор од процесот на преговори односно интеграција на Македонија, додаде тој.
-Доста е веќе отстапки национални, ВМРО-ДПМНЕ, јас лично, ниту милиметар, ниту запирка нема да поддржам такво нешто, ниту пак на памет ми паѓа такво нешто. А, уште помалку ми паѓа на памет да прифатам нешто кое што е надвор од сите мои капацитети да го прифатам како човек, дециден е Мицкоски.
Comments are closed for this post.