Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“ вели дека јавноста наскоро ќе може да го слушне говорот кој му беше забранет во Собранието. Тој вели дека не разбира зошто ако во Парламентот говореле Могерини, Столтенберг и други странски претсавници, зошто не му се дозволува тоа и на лидерот на најголемата опозицициска партија.
Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување, вели Мицкоски.
Во продолжение во пренесуваме дел од интервјуто за „Дојче Веле“
Што е она што досега не сте го соопштиле или не можете да го кажете на прес-конференција и со видео-обраќање, па ја побаравте и говорницата во парламентот?
Бидете трпеливи, денес-утре ќе го слушнете забранетиот говор и сето она што сакам да и го соопштам на јавноста како моја порака.ДВ: Зошто го дефинирате како „забранет говор“, кога Деловникот не предвидува можност за ваше обраќање во Собранието?
Јас знам дека во парламентот досега биле дозволени обраќања на многу личности кои не биле пратеници. Во изминатиот период се обрати Могерини, се обрати Столтенберг… Ако можеа странски претставници да се обратат, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија? Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување…
Но, Заев не е домаќин во парламентот, не може тој да ве кани…
Како и да е, јавноста ќе ја слушне мојата порака многу брзо преку забранетиот говор.
Има ли шанса заедно со Заев да најдете заеднички јазик за Договорот од Преспа?
Има шанса да констатираме дека Договорот е мртов. Секое натамошно силување на овој процес само ќе произведе дополнителни тензии и поларизации во општеството, а единствен виновник за тоа е Зоран Заев кој ветуваше нешто што не може да го исполни. Како пропадна предлогот ‘Илинденска Македонија’? Ципрас рече дека нема 151 пратеник што ќе го прифати тој предлог т.е. дека нема мнозинство во грчкиот парламент. Зошто Заев не рече: ‘Немам двотретинско мнозинство, и не го прифаќам предлогот Република Северна Македонија’!?
Меѓународната заедница не гледа вина кај Заев. Акламативно му честитаа за постигнатиот договор и нему, и на Ципрас.
ас го кажувам моето мислење. Тоа беше планот А на Зоран Заев. Тоа не беше планот А на опозицијата.
А кој е вашиот план А?
Нема промена на Уставот со цел да се промени уставното име.
Comments are closed for this post.