Коалицијата за подобра Македонија да се преименува во Коалиција за обнова на Македонија. Ова е предлогот кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го дал до коалиционите партнери, а едногласно бил прифатен.
Како што истакна Мицкоски на состанокот ќе ги информира коалиционите партнери за она што се случувало на последната лидерска средба, односно за темите за кои дискутирале со претседателот Стево Пендаровски, за предвремените парламентарни избори…
-На Македонија и е потребна обнова после овој арамилук што се случува трета година по ред. Ветуваме многу работа, ветуваме реформи во многу сегменти- нула толеранција за криминалот и корупцијата, а потоа економски бум. Тоа ќе бидат столбовите на кои ќе се темели новата кампања на веќе новата Коалиција за обнова на Македонија, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.