Мицкоски: Мора да има реципроцитет, ако Бугарија бара вклучување на бугарското малцинство во Уставот, тогаш и Македонците треба да влезат во бугарскиот

06.10.2021 / 16:05


Не може Бугарија да бара од Македонија да вклучат незначително бугарско малцинство во Уставот, а од друга страна македонското малцинство во Бугарија да не биде вклучено во бугарскиот Устав и да нема никакви права, мора да има мерки на реципроцитет, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Канал 5 Телевизија.

Мицкоски изјави дека целиот процес е заглавен, а и Радев денеска потврди поради тоа што Бугарија инсистира декларацијата на бугарскиот Парламент да биде дел од преговарачката која што ќе постои при евентуален почеток на преговори на Македонија со ЕУ, иако спротивно не убедуваше Зоран Заев  дека ќе се потпишел протокол во кој што немало да биде содржана рамката на бугарскиот Парламент.

– Денеска Радев тоа го кажува во неговата изјава дека на почетокот на ноември ќе добиеле протокол и доколку тој протокол содејствува со рамката на бугарскиот парламент и да биде тоа вклучено во преговарачката рамка, тогаш тие ќе го поддржеле преговарачкиот процес, вклучувајќи и амандман за вклучување на бугарско малцинство во Македонија, незначително бугарско малцинство во Македонија во рамките на Уставот, изјави Мицкоси.

Мицкоски истакна дека за да помине тоа барање на Бугарија во македонскиот парламент потребно е двотретинско мнозинство кое Заев го нема, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи истото да помине доколку Македонците во Бугарија не влезат во бугарскиот Устав.

– Она што јас го добив како информација е дека Зоран Заев ветува се и сешто вклучително и дека тоа ќе го прифати само да опстои подолго на политичката сцена. Треба да знае и Радев и бугарските политичари дека за промена на Уставот во Македонија се потребни две третини, а ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати било каква промена на уставот и овој амандман доколку немаме реципроцитет и од стана на Бугарија, односно вклучување на македонското малцинство во Бугарија како конститутивен народ во рамките на бугарскиот Устав и признавање на сите одлуки на Судот за човекови права во Стразбур и Резолуцијата на Европскиот Парламент, бидејќи до овој момент Македонците во Бугарија се спречени да се организираат во свои здруженија, потенцира Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Скопје ќе добие нов Луна парк до јуни следната година

пред 18 часа
Македонија

Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

пред 18 часа
Февруари е месецот на ретките болести

Мојот календар не се мери по датуми, туку по контроли, по болнички ходници, боцкања и резултати

пред 18 часа
Македонија

Мицкоски за истрагата за марихуаната вели дека има вмешани функционери од поранешната Влада

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски објасни под кои услови може да станеме членки на ЕУ, без Бугарија да блокира

пред 2 дена
Македонија

Западниот Балкан ќе профитира од намерата на ЕУ да ја внесе Украина по секоја цена

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Нема да има предвремени избори, реконструкција на Владата најдоцна до јуни

пред 3 дена
Македонија

Mицкоски: Постои сценарио за членство во ЕУ следната година заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, но без право на глас

пред 3 дена
Македонија

Шекеринска е од големото добро утро, не објасни што барале со Заев во СЈО да носат материјали

пред 4 дена