„Метлата” за која зборува премиерот Зоран Заев е само уште една проѕирна лага, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Откако во првиот круг ги виде резултатите од изборите, на кои претходно велеше дека блескаме, вети дека ќе прави метла. Завршија изборите, наместо метла отиде на одмор. А таквата, метлата ќе ја правел по еден месец. Но, не е до метлата, туку до тој што треба да измете. Тој човек треба да си замине. Ова се луѓе кои уништуваат, уриваат, кои со својата непринципиелност оставаат зад себе чемер и јад и неморал кој ги урива вредностите. Ние сме тие кои заедно со народот ја имаме обврската да се избориме за иднината на земјата, да обезбедиме напредок, и решавање на проблемите. И ние тоа ќе го направиме. Заедно и силно, за нашата Македонија!, порача Мицкоски на вечерашната средба со членството во скопската општина Гази Баба.
Comments are closed for this post.