Куклиш се крева над неправдите. Македонските земјоделци се достоинствени луѓе кои не го прифаќаат потценувањето на власта. Куклиш е место на честити луѓе домаќини кои бараат промени, кои го бараат она што им следува, стабилност, почит и поддршка од државата каква што заслужуваат за нивната мака и труд.

Македонија е создадена како земја на среќни луѓе и нашата борба е да ги зачувуваме луѓето тука во нашиот дом и да направиме се за да ја обезбедиме заедничката среќа. Ќе успееме, заеднички, обединети и силни, напиша на Фејбук, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски