Македонскиот идентитет се распродава и на маса се услови кои немаат врска со потпишаниот Договор за пријателство и тоа се услови кои го негираат македонскиот идентитет,вели Мицкоски за односите со Бугарија.

Според него, таков документ постои без разлика дали ќе се нарече Анекс, роудмап, патоказ…

Станува збор за документ во кој се дефинирани нови услови кои треба да ги прифатиме меѓукои во кои политичари дискутираат за бизниси, за железница, за патишта, телекомуникации, банки и се дискутира за македонскиот идентиет.Замислете!.
Покрај бизнисот на маса е и македонскиот идентитет. Ја повикувам владата да го покаже документ со 12 точки. Граѓаните не ги гласаа на оние мафијашки избори за да тие си играат со иднината на граѓаните и со македонскиот идентитет. Ги повикувам на дебата во Парламентот кој ја организира пратеникот Милошоски да дискутираат доколку немаат што да кријат и распродаваат, ајде госпора охрабрете се излезете, доста е лажење криење и манипулирање-рече Мицкоски.