Македонија се искачи на неславното второ место по број на заболени на Балканот. На оваа поразителна статистика денеска се осврна и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На Фејсбук Мицкоски напиша:

За жал, една неповолна статистика за Македонија која е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот по број на жители:

-Хрватска 102 заразени на 1милион жители;

-Македонија 88 заразени на 1милион жители;

-Црна Гора 83 заразени на 1 милион жители;

-Грција 71 заразени на 1 милион жители;

-Албанија 51 заразен на 1 милион жители;

-БиХ 51 заразен на 1 милион жители;

-Србија 35 заразени на 1 милиони жители;

-Бугарија 32 заразени на 1 милиони жители;

-Турција 22 заразени на 1 милион жители;

12% од заразените во Македонија се лекари затоа што несоодветно се заштитени.

Поддршка за македонските лекари, сите здравствени работници и македонската полиција и армија кои се на првата линија во борбата против корона вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи повеќе заштита. Владата мора да обезбеди соодветни ресурси за заштита на овие луѓе, нашето здравство мора да обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!- напиша Мицкоски на Фејсбук.