Не можам да се изначудам на лековерноста и понижувањето кое го трпи Ковачевски во континуитет од Бугарија. Во регионот доби улога на чиракот од Македонските народни приказни каде ништо не бекнува на сите провокации кон Македонија. И кога ја гледав онаа снимка на Рама и Ковачевски освен што ме фати голем срам и неровоза поради понижувањето кое ѝ го приреди на државата, што гласно се смееше на изјавата дека сме Западна Бугарија, си велам доброто е што барем го препознаа кој е и како се вика, затоа што во државава е толку непрепознатлив што дури, ако не се овие автентични гафови уште народ ќе си мисли дека Заев е премиер, што и не е далеку од вистината… – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест во Скопје кој се одржува под мотото „Протест за промени, затоа што премногу е“.

Тој ја коментира незрелата реакција на македонскиот премиер кога Еди Рама прокоментира дека Ковачевски е идниот премиер на Западна Бугарија.

И секако има и такви платени кои ја бранат власта и кои фатени во ваков теснец мора да го бранат, би рекле, а вие што би направиле… Би рекол, господине Рама вие не знаете за географија, а богами ниту за историја. Ова е мојата Македонија! – рече Мицкоски.