Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи“, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата.

И ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се ЗА или НЕ СЕ ЗА овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрвин како партија со став, па тогаш ќе има повеќе детали јавноста, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е следната иницијатива која што планира да ја предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референдусмко изјаснување на граѓаните, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.