Пред повеќе од шест месеци, овде на платото пред Владата на Република Македонија на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ излегоа масовно да му кажат на Зоран Заев „НЕ“. Покажавме дека сме живи, дека нè има и дека повторно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат победничката политичка сила во Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,за време на протестот на опозициската партија на платото пред Владата.
Црнилата во Македонија се во кулминација, а ова е нашиот пат кон уривање на оваа хунта наречена СДСМ. Зарем освен овие црнила што ни се случуваат, има нешто со што можеме да се пофалиме и да речеме дека оваа ненародна влада на СДСМ со криминални гени предводена од аболиран политичар може нешто да направи за нашата татковина – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцира дека стотици граѓани низ Македонија, без оглед дали се пред Владата или на плоштадите, им даваат поддршката.
Ќе нè има уште повеќе сè додека не им го видиме тилот како заминуваат од таму оние шпиони кои снимаат сега од горе. Ја посипаа земјата со црнила, а народот го оковаа со омраза со љубомора, завист. Тоа е она на кое тие се подготвени, наместо да владеат со проекти и реформи, владеат со страв и притисоци. Не смееме тоа да им го дозволиме. Овој народ тоа не го дозволува и овој народ ќе му каже „НЕ“ на Зоран Заев и СДСМ. Ветуваа живот дека ќе донесат, а донесоа црнила, чемер и јад во домовите на нашите сограѓани. Ништо не се мрда. Национално нè омаловажија. Ни го уништија достоинството, го убија Македонецот во Македонецот – нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.