Откако премиерот Зоран Заев денеска јавно повика на лидерска средба во петок, стигнаа првите реакции од партииите.
Од Алијансата за Албанците за Пресинг ТВ потврдуваат дека ќе дојдат, но оти конечната одлука ќе ја донесе Централното претседателство на состанокот во среда.
Од ВМРО-ДПМНЕ стојат на ставот дека ќе прифатат лидерска средба само ако на неа се разговара за организирање на предвремени парламентарни избори.
Ние сме децидни дека на таа лидерска средба мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и локацијата дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот. Единтвен кој бега од избори е Заев и тоа денеска тој го потврди -изјави Димче Арсовски, портпаролот на партијата.
Спротивно на очекувањето на ВМРО-ДПМНЕ, Заев како теми како ги предлага Изборниот законик, пописот и Законот за јавно обвинителство.
Comments are closed for this post.