Нонпејперот од страна на премиерот на Словенија, кој што власта пробува да го пласира во јавноста е апсолутна невистина и измислена работа. Лично тврдам дека таков нонпејпер, односно таков документ не постои, бидејќи јас директно искомуницирав со премиерот Јанез Јанша и тој ми укажа на тоа дека таков документ ниту постои, ниту пак било што од тоа што власта кај нас го пласира, не е напишано од страна на Словенија, вели Христијан Мицкоски на дебатната емисија „Клан дебата“ на ТВ Клан. Тој рече дека Јанша му кажал дека т.н „нонпејпер“ е комуњарска пропаганда“

Мицкоски потенцираше дека нонпејперот е тотална измислица, бидејќи целта на власта во Македонија е да ја дефокусира јавноста и граѓаните од реалните проблеми и афери кои што се случуваат во државата. Тој додава дека оној нонпејпер кој го цитираат одредени функционери од власта, не кореспондира со ставовите на Јанез Јанша, бидејќи и тој самиот смета дека на Балканот му е доста од поделби, односно дека е време за интеграции.

“Зоран Заев и неговите соработници функционери нека се фатат за работа да ги решаваат проблемите во државата, да се соочат со реалноста дека граѓаните едвај преживуваат на економски план, а во буквална смисла се борат и за својот живот чекајќи ги вакцините. Тоа се проблемите кои што се од круцијална важност, а не измислените документи со кои сакаат да ја манипулираат јавноста и да ја задскријат сопствената неспособност”, додава Мицкоски.