На средбата од страна на претседателот Мицкоски беше посочено дека во Република Македонија е загрозена правната држава и владеењето на правото и дека земјата се соочува со широко распространета појава на корупција, што е и нотирано во релевантни извештаи на меѓународни организации.
Политичкиот прогон и злоупотребата на апаратите на државата за пресметка со опозицијата станува основа на политичкото делување на власта. Од друга страна имаме назадување со почитувањето на човековите права и отсуство на волја да се работи на воспоставување на трајни механизми за борба против криминалот. Додека сето ова се случува, имаме целосно назадување на економскиот стандард на граѓаните и широко распространето иселување од земјата, што е последицата на штетните политики на Владата“, изјави Мицкоски.
Од страна на Гордана Силјановска Давкова беше образложена нејзината заложба за владеење на правото и силна правна држава која ќе мора да ги гарантира човековите права и слободи. Претседателот на државата во таа смисла има важни овластувања кои треба да овозможат заштита на граѓаните и правна сигурност. Несомнено тоа е и важен предуслов за напредок кон европските интеграции што е и наша стратешка цел, посочи Силјановска.
Соговорниците истакнаа дека мошне важен услов кој ќе покаже колку државата е сериозна во намерите кон исполнување на стратешките цели е и начинот на кој ќе помине изборниот период, каде суштински значајно е власта да обезбеди услови за фер и демократско изјаснување на граѓаните. Беа посочени и примери кои покажуваат дека власта го загрозува демократскиот предизборен амбиент.
Престојот на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, а во чиј состав е кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, партискиот потпретседател, Александар Николоски, и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски, продолжува со работа преку учество на политичкото собрание на Европската народна партија и остварување на повеќе билатерални средби.
Comments are closed for this post.