„Господа“ од СДСМ, не сте ме победиле или поразиле мене, не сте земале лично мои пари, туку од оние на кои во моментов им се најпотребни! На Македонските граѓани, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако претходно се пофалија дека на Мицкоски не му успеала ниту една блокада.
Во продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ:
Жалосно е и јадно како владеачката структура се фали со заложништвото на 33 милиони евра на граѓаните (даночните обврзници), и тоа во момените кога сме погодени од најголемата криза.
„Господа“ од СДСМ, не сте ме победиле или поразиле мене, не сте земале лично мои пари, туку од оние на кои во моментов им се најпотребни! На Македонските граѓани.
Се фалите со одземањето од сиромашните. Заради вас и расфрлањето кон богаташите блиски на Власта, денес има 500 000 македонски граѓани кои живеат на работ на сиромаштијата. И уште отворено се исмевате со оние кои пробуваат ова да го спречат!
Како што еден од вас веќе рече: „Срамота е луѓе!“ И треба да ви биде, пишува Мицкоски во својата објава на својата Фејсбук страница.
Comments are closed for this post.