Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само интервју” на Канал 5 Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, економската и здравствената криза, пописот кој се планира да се спроведе во земјата и долго очекуваните вакцини.
Во однос на преговорите со Република Бугарија, Мицкоски потенцираше дека македонската преговарачка страна, односно тимот кој преговара, не смее никако и под ниедни услови да прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин. Такво нешто ќе ја срози македонската државност и ќе покаже огромна слабост пред светот.
Треба сите да сме свесни дека врз името на Гоце Делчев, Груев, Питу Гули и останатите, ние всушност изградивме држава. Името и земјата се темелат врз тие постулати. Македонската страна мора да ги запази тие моменти и не е важно дали ќе имаат притисоци од внатре во државата или пак од некој друг, тоа не смеат да го дозволат, додаде Мицкоски.
Доколку на мене на маса некој ми даде предлог да прифатам дека Делчев бил Бугарин, верувајте дека ќе направам дипломатски скандал од светски размери, за кој ќе се зборува долго и дури тогаш ќе се отпочнат разно разни постапки. Тоа е нешто незамисливо и сметам дека не смее да постои таков човек кој тоа би го прифатил”, истакна Мицкоски.
Сите сме свесни дека Зоран Заев е човекот кој без да почувствува никаков притисок распродава се што е македонско и нему ништо не му е мило, но тоа не смееме да му го дозволиме, бидејќи Македонија не е Зоран Заев, туку Македонија се нејзините граѓани од сите етнички заедници, заврши Мицкоски.
Comments are closed for this post.