Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е изворот, темелот врз кој Бугарската држава ја гради својата ригидна и негаторска политика кон нашата Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Впрочем, не случајно кон овој Договор се повикува и протоколот кој неодамна се усвои, како и членот 5 од преговарачката рамка. Кога се удира по неправдите, најдобро е да се удри по нејзините корени, од кои овие 5 години гледаме како израснува затруено дрво кое раѓа затруени плодови. И сите оние кои прашуваат зошто преговарачката рамка не се спори, зошто францускиот предлог не се условно наречено не се збори наместо договорот, одговорот е дека најдобро е да се удри по корените на затруените дрво, а не по отровните плодови кои ќе се исушат ако го снема коренот.