Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вечерашните апсења за 27 април, одржа прес-конференција на која рече дека ова што се случува е лудило и целта е внесување на страв во општеството.
„Овие луѓе не се виновни, народот е веќе разбуден и не се плаши. Заев запамети ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Република Македонија, народот, не ти се плашиме. Ова што го правиш е лудило, ама ние сме подготвени да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Република Македонија. Ти отчукува часовникот и да знаеш Заев, готов си нема бегање. Колку повеќе високо леташ, толку посилен ќе биде трескотот кога ќе паднеш. Тоа јас лично ти го гарантирам. Апси, можеш и да нарачуваш убиства, но едно да знаеш, нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме“, рече Мицкоски.
Мицкоски смета дека ова се прави со цел да се дефокусира вниманието на јавноста и да се зборува за притвори, наместо за неуспешните политики на Владата.
„Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола, овде е проблемот деспотот Заев и неговите уцени, тоталирани напади, жигосувања, потпалувања, неморални подметнувања, си игра со судбини на луѓе, уценувајќи. И овде нема губитници и поразени, сите губат. Со ваква Кацарска судство и Рускоска обвинителство нема ниту правда, ниту правдина. Заев нема бегање од поразот кој ти следи. И запамети Македонија ќе ти врати за сите недела кои што и ги напрви. Притискај, апси, корумпирај, вработувај роднини, заканувај се на нашите убиства, но спас ти нема. Сакам д ати порачам деспоту Заев за ова што го правиш еден ден, а ти ветувам многу брзо ќе дојде тој ден, ќе одговараш и ти и твоите соработници, врхушката и министрите, а и обвинителите и судиите кои ти слугуваат. Се ќе се преиспита и ќе стане јасно. Многу високо си летнат ама драматично ќе паднеш, сети се на Милошевиќ и на Чаушеску. И тие мислеа дека се недопирливи, ама знаеш како завршија“, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.