Денес (25 март 2021 година), претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадор на ЕУ, Дејвид Гир.

На средбата Мицкоски нагласи дека прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата КОВИД-19 и преземање на мерки против здравствените и економските последици од истата.

Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ стратешки приоритет е полноправното членство во ЕУ, но дека тој пат подразбира конкретни реформи кои примарно мора да се насочат кон реформа на правосудниот систем и борба со корупцијата.