Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во „Неделен Брифинг“. Таму говореше за актуелни теми меѓу која и пописот. Туку посочи дека не е во ред директор на ДЗС да се заканува на граѓани ако не се попишат дека им следува казна затвор од неколку години.
Директорот на ДЗС вели ако не се попишете, ќе ве казнуваме и ќе ве праќаме во затвор, ама не само вас, туку и тие кои што ве мотивирале тоа да го направите. Значи директорот се поставува себеси во функција на тужител, обвинител и судија, веќе ги осудил луѓево, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ако тоа не е политизација, тогаш што би било политизација. А, токму ова меѓу граѓаните создава недоверба околу самиот процес на попишување.
Comments are closed for this post.