„Нивната цел е да го приватизираат македонизмот и да го поврзат со бугарскиот идентитет тоа е суштината и да кажат дека македонизмот е дел од бугарскиот идентитет“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на Телевизија Сонце.

Тој посочи дека тие сакаат тоа да се признае и потпише, или во најмала рака да не сме Македонци туку некои нови Северномакедонци.

„Овие луѓе кои сега живеат на овие 25 илјади квадратни километри се некои нови Северномакедонци кои се настанати како резултат на некаков си договор таму ете политички тие луѓе постојат, ете тоа е суштината“, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи мора да се има поголема флексибилност со државниот рубикон.

„Мојот личен рубикон е одамна поминат кога станува збор со нивните барања, но државниот рубикон ние мора да имаме поголема флексибилност поради тоа што ние не сме сами и не сме надвор од еден поголем систем наречен Европа и меѓународна заедница“, потенцираше Мицкоски.