Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски апелира надлежните институции веднаш да и излезат во пресрет на ДИК за да се обезбедат потребните терминали за земање отпечаток од прст. Има време процесот да се заокружи, смета Мицкоски, зашто до локалните избори остануваат уште седум месеци.
Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мицкоски потврди дека има сериозна забелешка од амбасадор на наша соседна држава околу предлогот законски да се овозможи неведувањето националност во личните карти.
Според него, преговорите за измените на Изборниот законик ќе продолжат и ќе бидат во насока на, како што рече, конкретни неколку точки: политички преговори околу една изборна единица со цензус, преференцијалните листи за следните локални избори за листата на советници, изборот на градоначалници во прв круг, гласањето на дијаспората и препораките на ОБСЕ.
Преговорите ќе почнат, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, има сви аргументи за секоја од овие точки. Очекуваме со владиното мнозинство да се договориме и да ставиме точка на оваа рашомонијада, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на предлогот за впишување националност во личните карти, Мицкоски го повика Заев, ако навистина тоа го сака, Владата нека достави закон со европско знаменце до Парламентот.
Ако ние инсистираме во личните карти да стои националната припадност и тоа да биде во патните исправи, ако навистина Заев сака тоа да го направи, зошто тоа не го направи сега и да го достави законот во Собранието со европско знаменце за да можам да се идентификувам себе си како Македонец. Зошто не го направи ако навистина има толкава желба, туку преку оние на кои им обезбедуваше логистика и друг тип помош пред изборите за да краделе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, тие му се на услуга и со 100.000 – 200.000 амандмани прават филибастеринг. Инаку, апсолутно да, има сериозна забелешка од страна на амбасадор од страна на една соседна држава, рече Мицкоски.
Тој уште еднаш апелира Владата да ги обезбеди терминалите за отчитување отисок од прст и го посочи примерот со Албанија која, како што напомена, тој процес го завршила за три месеци.
Апелираме веќе еден месец да почне таа процедура која е законско решение. Во октомври 2020 претходниот претседател на ДИК побарал средства од МФ, но не добил одговор, новиот претседател повторно побарал, па добил одговор, но дека парите ќе бидат обезбедени ако ДИК е подготвена да го спроведе законот. Тоа е исто како да ве прашаат дали сте подготвени да застанете на црвено или да проодлжите. ДИК ….Веднаш ги повкувам надлежните институции да и излезат во пресрет на ДИК и ова да биде операционализирано. Има најмалку три начини како да се проведе постапката. Сите државни органи да и помогнат на ДИК како МВР. Има простор и време, ако можеше албанија за три месеци за погллем број избирачки места и послаб интегриран систем да го почне и заврпи овој процес, не гледам зошто ние сега седум месец пред кампањата да не го завршиме овој процес, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.