Ако сега има предвремени парламентарни избори, ви гарантирам дека ќе имаме 61 пратеник и стабилна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е уверен дека неговата партија ќе освои 61 пратеник ако сега има предвремени парламентарни избори.

Денеска да почне процедурата јас ви гарантирам дека ВМРО-ДПМЕН и коалицијата ќе имаме точно 61 пратеник, порача Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма.