Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук реагира на говорот на омраза упатен од новинарот Бранко Тричковски кон него. Тој за ова го обвинува премиерот Зоран Заев.
Ах бре Заев, до тоа дереџе дојде работава да ми праќаш пораки преку неформалниот гласноговорник Тричковски. Покрај тоа што секој ден преку прескапо платените алатки се шират невистини, клевети кон мене, сега дури претскажуваат смрт. Ама тоа мене не само што не ме плаши, туку ме прави уште помотивиран да истраам со народот во заедничката борба и фактот дека сме на правиот пат на рушење на оваа мафија. Туку покрај оваа дневна доза мотивација, што правиме со Лидија Димова? Таа тренираше магариња со илјадници евра и сè уште е директор, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Ах бре Заев, до тоа дереџе дојде работава да ми праќаш пораки преку неформалниот гласноговорник Тричковски. Покрај тоа…
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, October 30, 2020
Comments are closed for this post.