За време на денешнта седница на која се расправа за уставните амандмани, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски му забележаа на спикерот Талат Џафери за ословувањето на независната пратеничка група со името на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека испратиле допис до претседателот на Собранието со потпис од генералниот секретар Игор Јанушев исклучените пратеници да не го користат името ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа ве замолуваме господине Џафери колегите да ги ословувате како Независна пратеничка група, затоа што власта не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Би ве замолил да се држите до тоа колегите да се ословуваат како независни пратеници без некоја задна намера“ рече Мицевски.
Џафери возврати дека за името не е надлежно Собранието.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, па неговото писмо нема дејство врз мене. Пратеници според Деловникот имаат право да формираат пратенички групи. А за името не е надлежно Собранието, ќе одите на суд и ќе го решавате проблемот, му одговори Џафери на Мицевски.
Comments are closed for this post.