Обраќањето на спикерот Џафери ја зовре атмосферата во Собранието. Опозицијата жестоко реагираше дека на на тоа нема право. Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски со ваквото однесување на собранискиот спикер се крши Деловникот на законодавното тело.

Вие континурано го кршите Уставот, законите, Деловникот. Во Деловникот во член три стои дека во работата на Собранието службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, рече тој и додаде дека најпрво треба да се смени Деловникот, за да може Собранието непречено да работи и да не го крши истиот.

Немам ништо против некој да зборува на својот јазик, но на ваков начин со кршење на Деловникот, законите, Уставот одиме во погрешна насока, како и што досега повеќе пати се случи откако дојде оваа власт, нагласи тој.