Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија„ Никола Мицевски на денешната собраниска седница рече дека тој сметал дека целта на излагањето на Павле Богоевски е образлагање на неговата оставка, а не лечење на фрустрациите со коишто се опседнати.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше јасен и недвосмислен во соопштението за јавноста дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се произнесат по правото и правдата и по законите согласно Уставот и деловникот за работа на Собранието. И барајќи неселективна правда нескриена е фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Таа омраза и фрустрација ве засенува во реалното размислување и работење на она за што сте избрани , а тоа да им служите на граѓаните и да работите за подобро утро на граѓаните. Тоа во праксата и во реалноста го нема, истакна Мицевски.
Тој посочи дека нормална постапка е да било која јавна личност фатена во недозволени дејанија, особено ако е признато делото, како во вашиот случај да си поднесе оставка.
Имено тој кажа дека очекува во наредниот период, институциите да си ја завршат својата работа и конечно еден случај од оваа неспособна власт да добие своја разврска и дека ќе се фокусираат во барањето на дилерот, а не на таксистот.
Да не се концентрираме колега Богоевски на оставката, да не се концентрираме на моралната одговорност, да се концентрираме на одговорноста на поднесување на оставката, порача Мицевски.
Comments are closed for this post.