Некогашниот прв разузнавач, актуелен државен секретар во МНР Виктор Димовски е назначен за директор на Агенцијата за национална безбедност, објавија дел од медиумите.

Пресинг Тв го контактираше Димовски, кој само кусо ни одговори:

Јас сум на пат, проверете во  Владата.“

Од Владата се уште нема официјална информација.

Димовски е доктор по политички науки.  Тој има долгогодишна дипломатска кариера.  Во изминатиот период бил амбасадор во Србија и Црна Гора, а и во Израел.

Од 2007 до 2009-та година, Димовски беше прв човек на Агенцијата за разузнавање.