Друштвото МХЕ Тополки најостро ги демантира неточните информации и лажните конструкции на поврзувањето на притворот на вработените од Министерството за транспорт и врски со работата на Друштвото МХЕ Тополки, објавени на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски со што бараме јавно извинување, велат од компанијата.

Лажните наводи за поврзувањето се апсолутно неточни, тенденциозни и се намерно изјавени со цел да се предизвика штета на угледот и честа на друштвото, како и на безбедноста и нормалното тековно работење согласно законот.Појаснуваме дека согласно Законот за градежно земјиште, службеникот кој ја води постапката за давање на долготраен закуп за изградба на објекти од јавен интерес е должен и обврзан по автоматизам да побара мислење од Државното правобранителство. Оваа постапка нема никаква врска со лажните наводи за поврзување со притворот на вработените, велат од компанијата.

Појаснуваат дека оваа постапка за долготраен закуп се води на електронски начин, така што странката и органот кој ја води истата имаат целосен увид во текот на дејствијата.

Појаснуваме дека органот кој ја води постапката, односно службеното лице има побарано мислење од Државното правобранителство на 30 јули 2019 година, многу покасно од датумите за притворот и нема врска со истиот.Според Договорот за концесија за вода за изградба на мала хидроцентрала од 2015 година (склучен со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ) и издаденото Одобрение за градба од Министерство за транспорт и врски од 2016 година, изградбата на малата хидроцентрала МХЕ Тополки се извршува етапно во последователни фази каде што процесот се одвива според преземените обврски согласно Договорот за концесија од 2015 година при што секој чекор и преземена активност е јавна и транспарентна, велат  од компанијата.

Секоја понатамошна невистинита информација или инсинуација со цел поврзување на Друштвото МХЕ Тополки со кој било тековен случај и судски процес, ќе подлежи на преземање правни мерки од страна на друштвото со цел да го заштитиме угледот и честа на Друштвото и на управителот и да го спречиме ширењето невистини и неточни информации, информираат од Друштво МХЕ Тополки.