Според неофицијални информации, шесте потпретседатели на СДСМ ќе бидат разрешени како дел од чистката што ја најави премиерот Зоран Заев, објави Фокус.
Потпретседатели во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Сите денес добија метла од нивниот партиски челник Зоран Заев.
Метла добива и Александар Кирацовски. За нов генерален секретар на партијата е предложен министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој нема да биде повеќе на министерската функција.
Согласно одлуката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претходно беа разрешени 78 претседатели на oпштинските огранизации на СДСМ, односно сите претседатели на општинските организации на партијата.
Comments are closed for this post.