Овој пат скандалозно однесување на координаторот на советничката група на СДСМ во Ѓорче Петров кој присуствувал на седница на советот, а притоа знаел дека има симптоми на Ковид 19, изјави денеска за медиумите Наташа Менкиноска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, го прашуваме Цветковски дали на 13- ти октомври вторник кога се одржала седница на советот на општина Ѓорче Петров на која требаше да биде ставена точката на дневен ред за спорниот ДУП во Дексион Јурија и ново задолжување на општината Ѓорче Петров со над 1 милион евра, соочувајќи се со отсуство на еден советник од владеачкото мнозинство и немањето на мнозинство присуствувал на седницата, а при тоа имал симптоми на болеста?Со оглед дека утредента го добил резултатот од Ковид 19 тестот, дали Цветковски чувствувајќи симптоми на Ковид 19 свесно ги донел во опасност другите советници, вработените во општинската администрација, граѓаните и медиумите кои го пренесуваа настанот? Зошто воопшто дошол на седницата ако чувствувал симптоми на Ковид 19?,  прашува таа.

Одозгора на тоа на видеото од седницата може да се забележи како Цветковски не почитувал дистанца и никакви заштитни мерки и одозгора на тоа давал и изјави за медиумите. Дали Александар Наумоски и општинските власти знаејќи за оваа ситуација, а во тешкотија да обезбедат мнозинство, намерно не ги почитувале протоколите за заштита и не е мерена температура на влезот, бидејќи ако мереле Влатко Цветковски немало да може да присуствува на седницата и со тоа да ги донесе во опасност сите присутни. СДСМ е спремен и по цена на животот на своите советници да го донесе заболениот Цветковски на седницата за да имаат мнозинство со цел заштита на криминалот и корупцијата на Александар Наумоски. Само кај Александар Наумоски висината на една зграда има повисока цена од здравјето на неговите соработници, медиумските работници и граѓаните, децидна е Менкиноска.

Што толку и на кого му ветил дека ќе гради што е спремен да ги жртвува и своите партиски колеги? Апсолутно сме згрозени од оваа неодговорност, ова е монструозно и смислено и не е ниту наивно ниту случајно. Дури и кога Влатко Цветковски го добил позитивниот резултат на Ковид 19 никој од општината не ги контактираше советниците на ВМРО-ДПМНЕ, вработените во општинската администрација и новинарите да им го соопшти ова и да им се направи анкета, за да се утврди опасноста од трансмисија на болеста. Ги повикуваме надлежните органи да го истражат случајот и самиот Цветковски да ги приложи соодветните тестови бидејќи криењето на заразата од корона е кривично дело затоа што со тоа потенцијално се шири зараза која е со потенцијални смртни последици за граѓанитe, посочува таа.