Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид  во банкарска потврда“, објави телевизијата на својата веб страна.

Претходно УЈП потврди дека сметката на телевизијата е блокирана.

Од 1ТВ велат дека се објавуваат тенденциозни информации во одредени медиуми.

Воедно, ваквите дезинформации ги оценуваме како злонамерни, кои имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата, предизвикувајќи и материјална штета, но и да внесат забуна кај клиентите и гледачите“, велат од телевизијата.

Од УЈП не открија која е причината за блокирањето на сметката.

По однос на причините врз чиј што основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во информацијата испратена од УЈП.