Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ реагираат на последната изјава и предлог – идеја на министерот за здравство Венко Филипче за можно ангажирање на учениците од 4та година од средномедицинските училишта во ковид центрите како помош на медицинскиот кадар.
Ваквата идеја, според нив не е безбедна за учениците и реагираат со цел оваа идеја да не прерасне во одлука.
Сметаме дека во еден ваков период кога се носат мерки за зачувување на здравјето на учениците и се препорачува он-лајн настава со цел да се намали трансмисијата во училишните клупи не е соодветна идеја малолетни ученици и недоусовршен кадар од средномедицинските училишта да биде впуштен директно во најголемите жаришта на оваа пандемија.
Ние, професионалците од сестринската професија сметаме дека ризикот е многу голем. Во една за нас исклучително тешка ситуација со две медицински сестри на 30 пациенти, ангажман на учениците како помош дополнително би ги отежнало работите, пред се ризикот и нивната безбедност, и нашата одговорност за нив кои треба да учат – практицираат, а ние треба да ги менторираме. Учениците ако се заразат можеби ќе поминат асиптоматски, но што е со нивните најблиски? Ако е ова решение недовршени кадри да не надополнуваат ги имаме четирите високо образовни институции за идните дипломирани медицински сестри кои барем се полнолетни“– изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.
Comments are closed for this post.