Телефонски јавувања во вечерните часови за хоспитализирање на заболени од Ковид 19, проблеми со закажување тестирање, административни бариери за отворање боледувања, нервозни пациенти.

Матичните лекари под притисок ја водат борбата со пандемијата. Додека се очекува од нив да постапуваат по протокол се случува пациентот да го изгуби животот.

Бараат да се поедностави  приемот во болница кој налага ако пациентот е на домашно лекување и му се влоши состојбата да мора телефонски да се јави кај матичниот лекар кој ќе го организира транспортот со Брза помош. Во трката за слободен кревет се губат и до четири часа.

Термини за ПЦР тестови тешко се наоѓаат а брзите се со ограниченост. Нелогичности има и при отворањето на боледувањата.

Лекарите се исцрпени и финансиски. Сами набавуваат заштитна опрема, маски и средства за дезинфекција. Се снаоѓаат како знаат и умеат.

Д-р Смугреска набавила апарати за брза дијагностија, меѓу кои и за разграничување на инфлуенца А и Б, за ЦРП и антистрептолизински тест. На тој начин ќе може да направи разграничување за каков вирус се работи и врз основа на тоа ќе знае каде да го упати пациентот.

Затоа се бара преструктуирање на здраствениот систем за да може брзо и навреме да се реагира со пациентите заболени од ковид.