Собранието денеска на пленарна седница ќе одлучува за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски. Оваа точка е ставена како последна 20-та и неизвесно е дали пратениците ќе стигнат денеска да расправаат или тоа ќе биде отавено за од понеделник.

Пред два дена собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Одлуката беше изгласана со пет гласа „за“ .Неизвесно е дали две третини од пратениците ќе го поддржат предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Поранешниот премиер е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.