Шестгодишно дете од скопската населба Илинден е повредено кога во него удрил мотоцикл „лонгија баутијан“ управуван од 16-годишник од селото Кадино.

Шестгодишното дете кое се здобило со тешки телесни повреди е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што му е укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобил и возачот и сопатникот на мотоциклот.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила во текот на вчерашниот ден во селото Марино. Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје.