„Малиот Таче седи и плаче, зашто не го играат другарчињата. Стани Таче, погледни во сонцето и насмевни се“.
Ова е една детска приспивна песничка, што премиерот Димитар Ковачевски мора да ја знае, зашто еден ден, како „носител“ на најубавата животна функција на дедо, ќе треба да им ја пее на своите внучиња.
Но, за жал, Ковачевски до тогаш како да се однесува како мало, расплакано дете. До ваков заклучок може да се дојде, откако ќе го види постот на Твитер на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по нејзината средба со премиерот Ковачевски во Атина.
-Го поздравувам поднесувањето на уставните амандмани од владата во Парламентот. Се надевам дека сите страни ќе го поддржат придвижувањето на С. Македоноја на европскиот пат. С. Македонија припаѓа во ЕУ – сподели на Твитер претседателката на Европската комисија.
Од краткиот пост на Фон дер Лајен може да се види дека Ковачевски и направил свој „филм“ за уставните измени и оти ниту сега, ниту претходно не ја запознал ни со основната процедура за менување на Уставот, а камо ли со расположението на пратениците, а уште помалку на огромното мнозинство македонски граѓани, пред се припадници на етничките Македонци.
Good exchange with PM @DKovachevski.
I welcomed his government’s tabling of the Constitutional amendments in Parliament. I hope all parties will support it, to move forward on North Macedonia’s European path.
North Macedonia belongs in the EU. pic.twitter.com/pH2LMcjZCO
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) August 21, 2023
Оттука, може само да се претпостави, што се и изнакажал Таче на претседателката на Европската комисија за припадниците на опозицијата, а можеби и и ветил дека за да помине се мазно ќе ги исели од Република Македонија неподобните Македонци.
А, наместо тоа би било многу подобро да и објасни зошто не се гласаше за предложените уставни измени, со цел внесување на Бугарите во Уставот, што не произлегува од деловничките или од законските обврски на претседателот на Собранието, Талат Џафери, туку од неговото самоповикано дискреционо право!
И како, на пример, Талат Џафери ќе го користи тоа свое самоповикано дискреционо право, ако како втор човек во државата, по несакан сплет на околности, се најде во улога на командант на вооружените сили на државата?!
Или, на пример, зошто со предложениот текст се предлага зголемување на бројот на Македонците и Албанците од 7 на 14 во Комитетот за односи меѓу заедниците, зошто токму по 14 и дали со тоа се создава дводомно Собрание?
Натаму, кој и каков бил придонесот на македонските Бугари во формирањето на македонската држава за време на Втората светска војна, како државата Република Македонија ќе води сметка за македонските Бугари во дијаспората и што тоа ќе значи за идните релации и односи со Македонската патриотическа организација, како ќе реагира државата Република Македонија на пишувањето на електронските медиуми на македонските Бугари во кое се поистоветува политонимот Македонец со етнонимот Бугарин, а на етнонимот Македонец му се дава чисто географско значење…?
Има Таче многу поважни работи да и објасни на Урсула фон дер Лајен, отколку да плаче пред неа како мало дете. Затоа, стани Таче, избричи ги солзите, погледни во сонцето и насмевни се.
Не ги лекувај сопствените фрустрации со помош на опозицијата, туку покажи ги „болсите“ со кои се фалиш, поднеси оставка и ајде што побрзо на избори.
Comments are closed for this post.