Голчето на Артан Груби стана попознато од  министерството на ДУИ кое речиси никој не знае како се вика.Откако на него изиграа првата петорка министри на ДУИ, ред дојде фудбалските вештини да ги испробаат и странски гости. Па така опасен удар кон голот на првиот вицепремиер упати синот на милијардерот Сорос, Александар.

„Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и претседател на Фондацијата „Отворено општество“, г. Александар Сорос“,-напиша Груби по „натпреварот“.