Денеска во 20.30 часот на „Фејсбук“ страницата „План за чист воздух“, граѓаните ќе можат да му поставуваат прашања од доменот на борбата против загадувањето на воздухот на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и тој ќе одговара на нив во живо.

Прашањата исто така, ќе можат да бидат поставувани и преку „Твитер“, со користење на хаштагот #ЗаЧистВоздух.