Заедничката македонско-бугарска историска комисија, по една година пауза, утре и задутре во Скопје ќе ја продолжи работата со нова 10-та седница. На оваа средба, според најавите, ќе се продолжи онаму каде што застанала работата на претходната, 9-та седница, односно на дневен ред е прашањето за Гоце Делчев.

Според потпретседателот на бугарскиот дел од заедничката комисија, Наум Кајчев, нивната цел е да се фокусираат на суштинска работа во барањето решение за Гоце Делчев, иако, како што вели, колегите од македонската комисија предложиле „невообичаен“ дневен ред со многу протоколарни и општи прашања. Од членовите на македонската комисија не добивме одговор за утрешната седница.

Кајчев додава дека решение за Гоце Делчев лесно може да се постигне „ако се прочитаат неговите писма, неговата коресподенција со Никола Малешевски и другите негови другари од револуционерните борби“.

Тој уште додава дека не помалку важни се и забелешките на учебниците за 7 одделение во Македонија коишто се однесуваат на Средниот век.

„Ни претстои потврда на претходно постигнатото решение за Цар Самуил како владетечл на бугарската држава, да ги разгледаме востанијата на Петар Делјан и Георги Војтех во 11. век во рамките на Византиското царство, чиј центар е во геохграфска Македонија, вклучувајќи ја територијата на денешна Република Северна Македонија, и имаат јасна цел воспоставување на бугарска држава. Ни претстои дискусија по широка лепеза прашања врзани за средновековната историја“, вели Кајчев.

Според него, работата на комисијата веќе две години тапка во место и тоа, вели, е пример за неисполнување на Договорот за добрососедство меѓу двете земји кој „јасно кажува дека имаме заедничка историја и личности“.

Претседателот на македонскиот тим експерти во македонско-бугарската комисија, Драги Ѓоргиев, пред извесно време предупреди дека објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија упатен до членките на ЕУ во пресрет на одлуката за започнување не преговорите со Северна Македонија, во кој се негира современиот македонски јазик и идентитет, не може да биде во функција на постигнување успех на Заедничката комисија.

Онаку, според бугарскиот дел од комисијата, досега не е прецизира ни записникот од ланската, ноемвриска седница на Комисијата.

Последниот контакт бил на 4 јуни, кога имало видеоразговор на претседателите и на уште по двајца членови на Комисијата, значи по тројца колеги од двете страни, само за прецизирање на записникот од ноемвриската седница, 9-та на Комисијата.