Maкедонски интелектуалци, историчари професори објавија поздравно писмо пред денешното отворање на македонскиоот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Писмото во кое се потпишани педесетина експерти ви го пренесуваме во целост.

Со истрајноста конечно покажавте дека се успева. Вашата упорност и истрајност Ве доведе до реализирање на она за што со години се боревте, не со оружје туку со меѓународното право на Ваша страна. Овој успех е резултат на Вашата посветеност и одлучност за тоа што сте и кој сте, свесни за Вашата опстојба со векови, дека сте Македонци. Овој чин во основа го покажува сврзното ткиво меѓу Вас како Македонци во Бугарија, Македонците во Македонија и третата генерација Македонци од Канада кои, не заборавајќи ги своите корени, се вложија во отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“.

Искрени честитки за овој огромен успех со надеж дека ова ќе биде само патоказ и почеток како треба да се одвиваат вистински пријателски и добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија. И самото име на клубот е име на човек кој, како што вели академик Гане Тодоровски, е „рожба на утробата на овој народ и на оваа земја и дека најубавите стихови што ги испишала неговата творечка мисла се врзани за Македонија“. Со именувањето на клубот со неговото име му се оддава вистинска и искрена почит.
Несомнено дека со отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ ќе ги прегрнете сите предизвици што ги носи отворањето на истиот и да очекуваме, во иднина, дека премиерот Ковачевски ќе го одржи ветувањето за отворање на македонски културен центар во Бугарија со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Честитајќи Ви го отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, се надеваме дека Вие, македонското малцинство, ќе станете мост за развивање на искрено и вистинско пријателство и добрососедство меѓу македонскиот и бугарскиот народ со признавање и почитување на различностите: идентитетот, јазикот, историјата и културата.

проф. д-р Тодор Чепреганов, историчар
проф. д-р Митко Б. Панов, историчар
проф. д-р Илија Велев, медиевист и византолог
проф. д-р Наташа Котлар, историчар
проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски, историчар
проф. д-р Мишо Нетков, историчар
проф. д-р Виолета Ачкоска, историчар
проф. д-р Коста Аџиевски, историчар
проф. д-р Новица Велјановски, историчар
проф. д-р Маја Ангеловска – Панова, историчар
проф. д-р Билјана Ванковска, политиколог
проф. д-р Тони Филиповски, историчар
проф. д-р Никола Минов, историчар
проф. д-р Александар Атанасовски, историчар
проф. д-р Теон Џинго, историчар
проф. д-р Лилјана Гушевска, историчар
проф. д-р Силвана Сидоровска, историчар
проф. д-р Валентина Миронска – Христовска, литературен историчар
проф. д-р Катерина Тодороска, историчар


проф. д-р Елка Јачева-Улчар, лингвист
проф. д-р Гоце Цветановски, лингвист
проф. д-р Верица Јосимовска, историчар
проф. д-р Благоја Маркоски, географ
проф. д-р Нада Јурукова, историчар
проф. д-р Катица Јосифовска, историчар
проф. д-р Билјана Поповска – Неткова, правник
проф. д-р Родна Живковска, правник
проф. д-р Ристо Ачкоски, електро-инжинер
Проф.д-р Весна Јаневска, медицинар
Проф.д-р Иванка Василевска, правни науки
Проф. д-р Васко Шутаров, комуниколог
Проф.д-р Игор Улчар, ветеринар
Проф.д-р Гордана Силјановска-Дафкова, правни науки


Проф.д-р Михаило Миновски, историчар
Проф.д-р Богдан Богданов, хемичар
Проф.д-р Наде Проева, историчар
Проф.д-р Јован Донев, историчар
Проф.д-р Гордана Богоева-Гацева
Проф.д-р Велика Стојкова-Серафомовска, фолклорист
Проф.д-р Ѓорѓи Малковски, историчар
Проф.д-р Веселинка Лаброска, лингвист
Проф.д-р Симона Груевска-Маџовска, лингвист
Проф.д-р Митко Котовчевски
доц. д-р Соња Николова, историчар
доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, историчар
д-р Ицо Најдовски Перин, историчар
д-р Игор Јуруков, историчар
д-р Адела Ѓорѓиоска, истражувач
Д-р Александар Шулевски
м-р Васко Гичевски, историчар
м-р Филип Марковски, историчар
м-р Марјан Гијовски, историчар
м-р Иле Велков, историчар
м-р Цуте Крајчески, историчар
м-р Слободанка Филиповска, историчар
М-р Зоран Георгиев, археолог
М-р Борче Шахпаски
М-р Давче Насевски, поет
Јани Бојаџи, режисер
Гоце Панговски, истражувач
Кире Николоски, историчар
Елена Јовановиќ, историчар
Јасмина Најдовска, историчар
Весна Вучковска, историчар
Кирил Јордановски, историчар
Слободан Ников, историчар
Диме Јуруков, географ
Филип Аџиевски, археолог
Илинденка Петрушева, филмски критичар
Сара Феро, филмски продуцент
Миа Феро, филмски работник
Петра Селишкар, режисер
Бранд Феро, филмски продуцент
Наќе Туфекчиев
Драган Поповски, социолог
Ангеле Вретовски, Австралија