Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола испрати отворено писмо до македонскиот претседател Стево Пендаровски во кое го прашува кога властите во Скопје „ќе ги отворат архивите на УДБ-а во Македонија и кога ќе побараат да бидат отворени југословенските документи од окупацијата, поврзани со репресиите и мачењата на македонските Бугари од крвавото Коледе во 1945 година и потоа“, пишува агенцијата БГНЕС.
-Сакаме да видиме кои се џелатите на нашиот народ во Македонија, се вели во писмото, што агенцијата го објавува во целост.
Како претседател на Македонија Вие имате долг кон сите граѓани на оваа држава., вклучувајќи ги и македонските Бугари, кои ја сочуваа својата националност, наспроти децениските репресии и притисоци. Денес властите се фалат со извештај на една невладина организација, убедувајќи го светот дека во нашата татковина стигнала демократијата. Ние не сме разбрале кога и како се случило тоа, со оглед на зачуваната државна идеологија на југо-македонизмот. Затоа би сакале да ви поставиме две прашања како претседател на сите граѓани:
1.Зошто покрај 11.000 Македонци, кои лично и слободно се изјасниле за Бугари при добивањето на бугарското државјанство, ние не сме споменати во Уставот на нашата „демократска“ татковина? Благодарни сме му на министерот за надворешни работи г-динот Османи дека го предложи тоа, но беше отфрлено, вклучувајќи ве и вас. Неприфатлив е аргументот дека тоа Бугарија не го побарала т.е. немате со што да го размените. Со нашите права не може да се игра како во покер.
Г-дине Претседател, ние не очекуваме Бугарија да побара од вас да бидеме вклучени во Уставот. Таа тоа нема да го стори. На тоа не инсистира Бугарија, инсистираме ние!!! Ние, македонските Бугари на Македонија и ги дадовме преродбениците. И ја дадовме и Егзархијата. И ги дадовме и великаните на македонската борба од Илинден. И ги дадовме Дамјан Груев, Гоце Делчев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Ванчо Михајлов. Ние не сме малцинство и нема да бидеме малцинство, туку државнотворен народ-автентични Македонци со бугарски корен! Си го сакаме своето место во Уставот и ќе го добиеме.
2.Исто така би сакале да ве прашаме кога, г-дине претседател, ќе ги отворите архивите на УДБ-а во Македонија и кога ќе побарате да бидат отворени југословенските документи од окупацијата, поврзани со репресиите и мачењата на македонските Бугари од крвавото Коледе во 1945 и потоа? Сакаме да видиме кои се џелатите на нашиот народ во Македонија. Без правда нема прошка!!! Ги сакаме имињата на убијците на Бугарите од масовните гробници во Велес, Делчево, Штип, Куманово…од секој македонски град. Ја сакаме вистината за македонскиот Гулаг, што за нас Бугарите ги има толку страшните имиња-Голи оток, Добој, Идризово. Од вашите одговори на овие две прашања ќе дознаеме колку храброст имате и колку искрено сакате европска иднина за нашата татковина.
Г-дине претседател, не треба да имате илузии-само вистината е суверен. Југо-македонистичката лага нема да ја направи Македонија слободна, се вели во писмото потпишано од претседателот на друштвото, Љубчо Ѓоргиевски.
Comments are closed for this post.