Шест македонски ученици и двајца наставници од скопското училиште ДУЦОР ,,Партенија Зографски” во Португалија се обучуваа како да се справат со булингот и насилството врз децата во реалниот живот и на интернет.

Македонските преставници меѓу кои и ученици со оштетен слух од 28 април па се до 8 мај беа дел од организирани активности поддржани од Европската Унија и од образовната програма Ерасмус+.

Проектот насловен како “ Bullyind and cyberbullying in the world of silence and not only. Be cyber wise! ” чии домаќин беше училиштето Лијо лоцирано во поргугалскиот град Виана до Кастело освен македонските и домашните преставницу учествуваа и деца и наставници од останати три држави меѓу кои Романија, Чешка и Словачка.

Проект лидерот и воспитувач од училиштето Александра Аралампиова во своја изјава за медиумот вели дека проектот бил спроведен со целосно организирана агенда од страна на домакините а главна цел на случувањата била преку забавни и интерактивни методи, учениците да стекнат знаење и искуство на темата булинг и сајбербулинг, и да развијат позитивен однос кон своите соученици, како и да формираат емпатија во однесувањето.- Покрај активностите имавме можност да ги посетиме училиштето Лијо во градот Барселош, каде домаќините ни претставија бројни традиционални игри со натпреварувачки дух, се играа и интернационални забавни игри, караоке, се држеа презентации за работните теми но и предавање за емпатија, активности за градење на позитивна самодоверба, како и подготовки и вежби за изведба на театарска претстава и Флешмоб – вели таа.

Во групата покрај Аралампиова и професорот Виктор Трипуновски беа и Дори Иванова, Теона Ристовска, Илија Стојановски и Андреј Марковски.

Аралампиова додава дека македонските преставници на настанот имале и теренски посети на разлучни локации во градовите Порто и Брага.

 Сепак она што најмногу остави впечаток е можноста да го видиме карневалот наречен “Војна со цвеќиња“ кој традоциоонално се одржува во градот Барселош. Тогаш се расфрланат цвеќиња низ улиците на целиот а насекаде се видливи традиционалните танци во изведба на фолклорни групи облечени во традиционални носии на кои им се придруживме дури и ние. Ова беше најголема атракција иако за време на посттата имавме и часови за сурфање во океан– објаснува Аралампиова.

Таа заклучува дека оваа образовна програма е прекрасна можност за надградување на знаењата на децата за така сериозни теми како булингот и насилството на интернетот кое со сигурност многу ќе помогне во иднина на идентификување на пречките од оваа тема, кои би можеле да им се исправат пред младинците во иднина а своето знаење ќе може да го споделат со нивните соученици и врсници.