Три дена Владата и Министерството за надворешни работи молчат на прашањата на „Пресинг ТВ“ околу скандалот што го предизвика директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кој на социјалните мрежи ја навредуваше хрватската влада, премиерот Пленковиќ, како и владејачката ХДЗ кои ги нарече „фашисти“ и клуб на криминалци.
Воопшто не треба да зачудува молчењето од страна на власта бидејќи Тозија со години важи за омилен „филмаџија“ на СДСМ.
„Пресинг ТВ“ го праша Министерството за надворешни работи дали се оградуваат од ставовите на Тозија, дали ќе побараат негово разрешување и дали ќе се извинат на Хрватска, но и на Словенија и Унгарија бидејќи во своите написи Тозија ги навреди и словенечкиот и унгарскиот премиер Јанша и Орбан. Но, одговор нема.
Однесувањето на Тозија и молкот на Владата и МНР покажува на какво ниво ни е дипломатијата водена од Димитров. Навистина е неразбирливо, да не се покаже никаква доблест барем да се извинат на Хрватска, кога веќе не сакаат да го сменат државниот владин функционер Тозија. Наместо, зголемување на бројот на пријателски земји, со ваквите потези на Владата и МНР, се стеснува кругот на земји кои даваат поддршка на нашата земја. Легитмно се поставува прашањето со каква цел и кој е интересот на Димитров да го штити Тозија!?
Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски пак беа нешто поконкретни и на нашето прашање дали се оградуваат од говорот на Тозија.
Одговорија дека претседателот Пендаровски го осудува секој говор на омраза, поделби и наредби, независно дали се изречени од поединец или институција
„Претседателот Стево Пендаровски, го повторува својот познат и цврст став дека осудува секаков говор на омраза, поделби и навреди, независно од кој поединец или институција се изречени.Нагласуваме дека со Хрватска имаме традиционално добри односи и оваа држава е наш докажан партнер и пријател. Од Хрватска, која го има претседателството со ЕУ, имаме јасна и силна поддршка за патот кон Европската унијa, велат од Кабинетот на Пендаровски.
Хрватска за Македонија е една од најзначајните земји-соседи со кои имаме традиционално добри односи. Згора на тоа, Хрватска е актуелен претседавач со ЕУ и силно се залагаше Македонија да добие датум за почеток на преговорите. Наместо благодарам, од владин човек добија само куп навреди и омаловажувања.
Освен молкот на Владата и МНР, дали ќе поднесе оставка, молчи и Тозија. Иако одредени медими напишаа дека по скандалот тој ќе си поднесе оставка, во гостување на една интернет тв, наместо одговор тој ги нападна медиумите кои известувале за неговите потези.
Comments are closed for this post.