Промоции на политики, мерки и вредности, што треба да се направи, каков е патот кон подобар живот и Македонија за сите луѓе, ќе се објаснува на промоции на политики кои ќе почнат денес со почеток во 20 часот на плоштадот во Гази Баба.

Мерки кои треба да ги превземе централната власт, политики кои ќе придонесат за драстично подобрување на животот на граѓаните. Нов концепт кој е дел од Македонија за сите луѓе, кој го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденот на партијата.

Тогаш Мицкоски рече: нашиот слоган е „Македонија за сите луѓе“. Оваа нова политичка стратегија ќе ја оствариме преку нашите политики, кои ќе ги објаснуваме и соопштуваме.

Ќе зборуваме кои ќе бидат темелите за нашите решенија кои ќе ги понудиме. Кои се основните принципи преку кои ќе ја закрепнеме економијата. Дека мора да завладее правото за да имаме економија, дека потребна е реална поддршка на иновациите, малиот и среден бизнис. Да инвестираме во know-how, да правиме ефективна и ефикасна соработка со бизнис заедницата во интерес на сите граѓани нормално, да се бориме за секое едно работно место и да создадеме десетици илјади нови работни места. Вештачката интелигенција, роботиката, трансферот на знаење, тоа се патриотите на 21-от век, изјави Мицкоски.

На трибините ќе присуствуваат професори, експерти и аналитичари од повеќе области зборувајќи за новиот концепт. Првата тема на промоции ќе биде енергетиката, ќе се збори за цената на струјата, за акцизата на горивата, за гасификацијата, што треба да се прави со Рек и многу други теми.